Мицкоски до СДСМ: Сања Божиновска е поголема Македонка од сите вас заедно!

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го отвори прашањето за наводното бугарско државјанство/пасош на министерката Сања Божиновска, пропаганда во која со сите сили учествуваат и официјални бугарски институции. На обвинувањата, премиерот Христијан Мицкоски му одговори дека Божиновска е поголема Македонка од сите пратеници на СДСМ заедно.

„Да биде Сања Божиновска дел од македонската влада е привилегија. Нејзините резултати во енергетиката се нешто кое може да го сонувате. Зборуваме за работи за кои јавноста не ја интересираат. За неа знае бизнис кремот од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Измислувате приказни кои немаат никаква врска ни со енергетиката, ни со минералните суровини. Тоа е исто како да зборуваме сега за тоа што вие дававте пасоши на белосветски криминалци. Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно”, кажа Мицкоски.