Премиерот Христијан Мицкоски утрово на својот фејсбук профил изрази почит по повод 122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода, а славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат, сподели премиерот на социјалните мрежи.