Мицкоски: Да ја одржиме врската со Македонците ширум светот

Ова го порача македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој денеска, заедно со членовите од делегацијата што ја предводи во САД, ја посети Црквата „Св. Никола во Њу Џерси.

„Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“, објави Мицкоски на Фејсбук.