„На последните локални избори во Тетово Билал Касами од Беса во трката за градоначалник победи со македонски гласови во вториот круг, откако ги загуби изборите во првиот круг. Има многу општини како Тетово, каде што македонскиот глас влијае врз одлучувањето кој ќе биде нивниот иден градоначалник на претстојните локални избори. Со оглед на ова, ако има коалицијата Вреди договор со ВМРО ДПМНЕ за локалните избори, како што вели Изет Меџити, тогаш таа ќе има вкупно 11 градоначалници, а ДУИ само 3!“ – истакнува Рами Мислими, новинар и сопственик на локалниот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ во својата колумна со наслов „Патриотизмот и математиката на локалните избори!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Мисими пишува: Политичките партии се далеку од патриотизам и општи интереси, тие секогаш калкулираат заради партиски интереси и потоа го вадат калкулаторот на маса, за да ги направат пресметките како да победат. Досега сите албански политички партии на локалните избори победуваа со помош на македонските партии и обратно, што значи дека на маса ја имаа отворена математиката за победа. Во албанските општини, каде што македонските партии имаат влијание, секоја политичка партија, ПДП, ДПА, ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА направија јавни, или тајни договори, за да постигнат победа во таквите општини.
Ако се осврнеме на последните локални избори во Тетово, Билал Касами победи со македонски гласови во вториот круг, откако ги загуби изборите во првиот круг. Има многу општини како Тетово, каде што македонскиот глас има влијание при одлучувањето кој ќе биде идниот градоначалник на една општина.
Ако има коалицијата Вреди договор со ВМРО ДПМНЕ за локалните избори, како што вели Изет Меџити, тогаш конечниот резултат ќе биде: Вреди победува во Тетово на чело со Билал Касами, во Чаир на чело со Висар Ганиу, како и во Гостивар на чело со Валбон Лимани. Исто така, коалицијата Вреди ќе победи на локалните избори и во Брвеница, Струга, Дебар, Кичево, Боговиње, Желино, Теарце и Сарај.
Во Врапчиште ситуацијата кој да победи е 50 спрема 50 проценти, зависно од тоа каде ќе се кандидира Исен Шабани. ДУИ и Европскиот фронт ќе победат во Липково со Еркан Арифи и во Арачиново со Ридван Ибраими. ДУИ и Европскиот фронт ќе победат и во Долнени.
Според овие математики за локалните избори, ДУИ и Европскиот фронт ќе победат во 3 општини, а коалицијата Вреди во 11 општини. Односно, Вреди ќе победи во 8 општини повеќе отколку ДУИ, според математиката што ја претстави Изет Меџити.