Само ден по инаугурацијата на Александар Вучиќ за претседател на Србија се одржа новото издание на Геј парадата која годинава одеше под паролата “Нека се слушнат нашите гласови”. За разлика од минатите години кога беше тензично и имаше напади врз учесниците, денешната прошетка во Белград мина без никакви инциденти, можеби и затоа што колоната од неколку стотици припадници на Геј заедницата и нивни поддржувачи, беше под силна полициска придружба.
Учесниците во Геј парадата во Белград ги повторија своите барања за решавање на статусот на истополните бракови, документација за трансродните лица и решавање на нерешените случаи на насилство врз припадниците на геј заедницата.
Дел од припадниците на ЛГБТ заедницата не се криеја од истомислениците, минувачите и камерите, и со бакнежи и без никаква задршка ја покажуваа својата љубов.