Во нашиот табор видно резигнирани по поразот од Чешка со 25-24 што нè оддалечи од шансите за полуфинале, за петтото место на ракометното Европското првеснтво во Хрватска, па и од пристоен пласман. Еден од носителите и во овој меч, па и на целата генерација во една декада наназад, Филип Миркуловски, беше песимист во прес-зоната.
„Криво ми е поради тоа што имавме победа до 50. минута, но потоа направивме неискусни грешки. Натпреварот добро го одигравме до десет минути пред крајот. Имавме шанса, имаме квалитет, имаме публика, но немаме карактер, можеби тоа ни недостига најмногу за вакви првенства“, рече средниот бек, кој даде четири гола од шест обида.
Ракометарот што игра во Бундеслигата, во Вецлар, е скептичен во однос на нашата иднина, иако го пофали нашиот нов десен бек.
„Мартин Велковски одлично го замени Кире Лазаров. Честитки. Но, прашање е дали така добри можности за голем резултат воопшто ќе имаме за оваа генерација. Вакви шанси повеќе, според сè, нема ни да имаме“, заврши Миркуловски.