Супер моделот Миранда Кер по втор пат застана на лудиот камен. Убавицата му кажа да на партнерот Еван Шпигел на скромна церемонија во својот дом во Лос Анџелес. Од “Њујорк пост” открија дека церемонијата била скромна и на неа присуствувале само 30 луѓе, меѓу кои и родителите на Кер. Тие долетале од Австралија уште минатата недела, за да присуствуваат на склучувањето на бракот на 34-годишната убавица со 26-годишниот милијардер и основач на “Снапчат”.
Двојката се запознала за време на вечерата на дизајнерската куќа “Луј Вуитон” во 2014 и речиси 2 години подоцна најави и свршувачка.
“Двајцата доаѓаме од различни светови, но и двајцата споделуваме заеднички вредности, разбирање за лојалноста, семејството и чесноста“, беше споделила пред некое време Миранда и го нарече Еван “своја сродна душа“. За ” ангелот на Викторија Сикрет “ова ќе биде втор брак по 3-годишните нејзините брачни односи со актерот Орландо Блум, од кого има син – Флин.