Бојан Миовски ќе почека на својот прв гол во дресот на Жирона, откако во дебито во фудбалската Лига на шампионите против Феенорд на домашен терен не погоди од пеналот што беше направен врз него.
Македонскиот репрезентативен напаѓач во 67. минута при резултат 1:2 прво изнуди најстрога казна, кога по лошата интервенција од гостинскиот голман Тимон Веленројтер му ја украде топката и беше соборен од него, но потоа биеше во десниот долен агол, а чуварот на мрежата на Холанѓаните го одбрани ударот.
Миовски, кој не влезе во игра на стартот од ЛШ кај Пари Сен Жермен, го почна дуелот со Феенорд во почетниот состав, а 15 минути пред крајот беше заменет.
Дебитантот Жирона си даде два автогола и беше поразена и во овој меч со 3:2, како и претходно во Париз со 1:0.
Пеналот врз Миовски и неговата изведба на линкот: https://dubz.link/c/44b998