Бојан Миовски ги одигра првите триесетина минути во дресот на својот нов клуб Жирона, која загуби со 3:0 на тешкото гостување кај Атлетико Мадрид пред 60 илјади гледачи на „Ванда метрополитано“ во третото коло од шпанската Ла Лига.
Македонскиот напаѓач, кој дојде од шкотски Абердин и пред само неколку дена беше претставен од најпријатното изненадување во лигата, влезе во игра во 59. минута на местото на Абел Руиз и упати два удара, од кои првиот од свртување му беше изблокиран, а вториот му го одбрани Јан Облак.
Еден од најдобрите стрелци во шкотскиот Премиершип во последните две сезони веќе в четврток ќе има можност да дебитира пред навивачите на Жирона, која на својот стадион „Монтиливи“ ќе ја пречека Осасуна.