Миовски ги освои фановите на Жирона со обраќањето на каталонски

Бојан Миовски денеска го имаше официјалното претставување како нов фудбалер на Жирона, на чии навивачи им ги разгали срцата со обраќањето на каталонски.

„Здраво фанови на Жирона 👋

Многу сум возбуден што ќе бидам дел од овој фантастичен клуб.
Подготвен сум да дадам се за грбот и за навивачите, кои едвај чекаат да ме видат на стадион“, порача на Твитер македонскиот напаѓач, кој за 8,5 милиони евра премина од шкотски Абердин во најпријатното изненадување во шпанската Ла Лига минатата сезона, со кој ќе си ја оствари желбата од почетоците на кариерата да заигра во Лигата на шампионите.