Министер на СДСМ отварал “Александријада”

Екс Министерот за животна средина во Владата на Република Македонија од 2002-2004 од редовите на СДСМ, во 2005 година одржал пригоден говор на манифестацијата “Александријада” што се одржала во Кочани.

Љубомир Јанев тогаш како градоначалник на Кочани од СДСМ ја отворил првата манифестација која била посветена на “Царот над царевите и кралот над кралевите”.

Во тогашната СДСМ Јанев немал никаков проблем за својата почит кон Акександар Велики. Сега извесно е дека не би добил поддршка од својата партија.

По налог на СДСМ деновиве е сменето името на скопскиот аеродром Александар Велики и автопатот Александар Македонски.

Видеото во кое Јанев говори за Александар на следниов линк