Милошоски главен „иредентист“ во Македонија

Фотографија снимена во Смилево за втори август предизвика силни негодувања на социјалните мрежи каде што грчки активисти бараат владата во Атина да преземе дипломатски активности за казнување на носителите на македонско иредентизам насочен кон Грција.

На фотографијата на која што е сликан Милошоски кој беше министер за надворешни работи а сега е пратеник се гледаат членови на „Македонското патриотско здружение Методи Патчев“ од Охрид кои што се сликаат со знаме на етничка Македонија.


Според Грција знамето на кое што има територии на Грција и Бугарија е доказ за територијални претензии на Македонија кон Грција и причина земјата да не влезе во НАТО алијансата која што се повикува да ги казни ваквите провокации од Скопје.

Предходно грчките власти силно реагираа на фотографија на Милошоски кој за време на планинарање на грчкиот врв Олимп се сликаше со македонско знаме.