Милијарди евра се фрлаат на Балканот, но без резултат

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ , под наслов „Западен Балкан добива милијарди од ЕУ“, нагласува дека новата стратегија за Балканот дава јасен временски план но и дека ќе ја чини Унијата многу пари.

Презентацијата на новата стратегија на Европската комисија за Балканот го привлече вниманието на германскиот печат кон регионот.


„Комисијата предлага да се зголеми членството и помошта за пристап во ЕУ до 2020 година. Останува нејасно за колкава сума се работи. Досега, за Западен Балкан се планирани 1,7 милијарди евра за периодот од 2018 до 2020 година. Во стратешкиот документ се шпекулира дека 1,07 милијарди се планираат само за 2018 година, а преостанатите 600 милиони евра за 2019 и 2020 година“.

ФАЗ гледа критично на парите што ЕУ ги фрла на Балканот.

„Толку многу пари се влеваат во Западен Балкан за зајакнување на администрацијата, владеењето на правото, одржливата економија и демократијата и доброто владеење, но тоа се токму оние области каде што Комисијата не гледа напредок“ пренесува косовскиот „Газета експрес“.

Терманскиот весник „Тагесцатунг“ посветува внимание на јасната перспектива на интеграцијата на Србија во ЕУ.

Весникот нагласува дека Брисел и Берлин сметаат дека Србија е фактор за стабилност на Балканот, но дека е точно спротивното и прашува:

Косовo и Босна имаат меѓународна администрација, меѓународна полиција, мисии за владеење на правото, меѓународните сили, а токму овие држави се последни во линија, а Косоварите се уште чекаат добијат виза за ЕУ, што е неуспех без преседан”.