Најуспешниот селектор во нашата фудбалска историја Благоја Милевски потпишал нов договор со Фудбалската федерација на Македонија со кој останува на кормилото на младата репрезенатција и за циклусот квалификации за ЕП во 2021 година. Милевски ги водеше црвено жолтите до настап на завршница на Еврошампионат летово во Полска, а добро, со победа во Ерменија (3-0) го започна и новиот циклус за ЕП во 2019 година.
Милевски денеска го објави списокот за новите натпревари на селекцијата до 21 година со Србија дома и со Гибралтар на гости во текот на октомври. Во него новитет е голманот Душан Ѓорѓев кој доаѓа од САД.