Милановиќ реизбран за претседател на Хрватска

Зоран Милановиќ доби уште еден мандат за претседател на Хрватска со убедлив триумф и во вториот изборен круг како во првиот, кога за влакно му побегнаа потребните 50 проценти плус еден глас од електоратот што излезе на гласачките места.

По преброени 99,48 процени од гласовите во вториот круг, кандидатот на СДП освои 1.115.383 гласови или 74,66 отсто, а противкандидатот Драган Приморац од ХДЗ доби 378.172 или 25,34 отсто.