Македонскиот кошаракарски првак се раздели со тренерот кој го презеде тимот пред само пет месеци што е рекордно кус период за Александар Тодоров кој во Аеродром беше по трет пат. Тој тргна да дава оставка по поразот од Работнички, но не беше дециден и остави раководството вечерва да расправа и практично клубот да му ја прекине соработката. Тодоров имаше страшно лоши резултати со МЗТ Скопје во најважното натпреварување, во Јадранската лига, во која има две победи и осум порази, а шест од нив се во последните шест средби и плус три загубени средби во нашата Прва лига.
Нема најава кој ќе го води тимот против Морнар в недела, и кој ќе се обиде да ја вади сезоната во кошаркарски Аеродром иако се погласно се споменуваат Жељко Лукајиќ и Дамир Мулаомеровиќ.