Дербито на 20. коло од Првата македонска кошаркарска лига меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Чаир 2030 не го дочека крајот, откако гостинската екипа одби да го доигра натпреварот поради физички напад.
Играчите и членовите на Стручниот штаб на шампионот биле нападнати во подтрибинскиот простор од спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир по излегувањето од теренот на полувремето.
Бранителот на титулата и колидер на табелата по одиграните две четвртини имаше водство од 44:42, откако ја доби втората со 23:17, а првата му припадна на домаќинот со 25:21.