Вицепремиер Изет Меџити е оптимист дека уставните измени ќе се спроведат до крајот на оваа година и покрај најавата дека Албанија е одвоена од “пакетот“ со Македонија на патот кон ЕУ и дека веќе овој месец ќе го отвори првото поглавје во преговорите со Европската унија.

Тој за КликПлус на ТВ21 изјави дека интензивно работат на придвижување на ова прашање.

„Претходните влади многу зборуваа, но ништо не направија. Помалку зборуваме и мислам дека интензивно работиме на изнаоѓање решенија и придвижување на ова прашање.

Убеден сум и секојдневно работиме во оваа насока“, рече Меџити.

За Законот за јазиците, вицепремиерот и министер за животна средина, Меџити вели дека нема можност да се укине