Меџити: Таравари во рок од една недела да реши дали е со ВЛЕН или со ДУИ

Таравари во рок од една недела треба да реши, дали е со ВЛЕН или не, изјави лидерот на Демократското движење Изет Меџити. Тој во интервју за Алсат вели дека Таравари не добил ултиматум, како што тврди, туку дека бил известен еден ден пред празникот Бајрам.

„Ние кои имаме политичко искуство, го препознаваме ова како купување време и бидејќи не не сме без политичко искуство, ја забрзавме иницијативата за спојување на ВЛЕН и јавно кажуваме и сега, сакаме да ја имаме Алијанса за Албанците како дел од ВЛЕН, но сакаме Алијанса во која нема ДУИ како опција“, рече Меџити.