Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вели дека инцидентот во Арачиново е последица на политиката на Али Ахмети, кој ја користи политиката „раздели па владеј“, пренесува порталот „Теlegrafi“..

„Еден од факторите што Али Ахмети е долго време во владата е тоа што се држел до максимата „раздели па владеј“, а сега е нервозен со своите постапки и ставови и тој и неговиот круг, бидејќи не успеал да ја подели албанската опозиција. Првпат се соочува со консолидирана опозиција, здружена опозиција, со опозиција со платформа, програма.

Другото е дека Али Ахмети ја задржа не само владата, туку и ДУИ, со максимата раздели па владеј.

Ако се анализира, вели Меџити, во секој од 34-те ограноци на ДУИ, има минимум две фракции, две партии, Тетово има … 5-6 фракции.

Идејата на Али Ахмети била иста и во Арачиново и во Чаир и во Куманово т.е „раздели па владеј“, не се занимавај со висока политика туку занимавај ги меѓу себе и добиј ги гласовите од двете страни, вели Меџити

Како што пренесува порталот, Меџити изнесува мислење дека затоа се случило убиството во Куманово на командант Шќипоња, од истата причина се случи и второ убиство во Куманово, а сега се случи во Арачиново, каде на инцидентот му претходеше тепање во општината…