Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, реагираше на барањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заедно со локалните избори наредната година да се одржат и парламентарни.
Ахмети се самоповика да учествува на предвремени избори догодина
Според Меџити, ДУИ треба да се подготви да биде уште долго време во опозиција, пренесува ТВ21.
„Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите редови од организираниот криминал и корупцијата.
Пред да закажува мегдани, ДУИ би било добро да му одговори на јавноста:
– Kаква понуда ставија на маса во соба 161 во Парламентот емисарите на Европскиот фронт додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преговараа за новиот владин кабинет?!
– Дали е точно дека само две министерства и дека претседателот на парламентот не беше понудата на ДУИ за ВМРО само за да бидат повторно во Владата?!
Ова се прашањата на кои јавноста очекува одговори од ДУИ, вели Меџити.