Меџити: Кој не го почитува албанскиот јазик, прави законска повреда

 

Првиот вицепремиер Изет Меџити вчера ја демантираше изјавата на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, според кој официјалните соопштенија на министерствата ќе се објавуваат само на македонски јазик.

Меџити рече дека владините соопштенија  ќе бидат и на македонски и на албански јазик.

„Во Владата има став дека двојазичноста ќе се почитува. Секое министерство мора да се води на два јазика… Мора да биде и македонски и албански… Ако не го почитувате, правите законска повреда“, рече Меџити.

Вчера министерот Минчев изјави дека ќе бидат само на македонски јазик, но на барање на поединец може да преведуваат на албански.

Порталот Телеграфи пишува дека министерството на чело со Минчев „комуницира само на македонски јазик“.