Меџити: Коридорот 8 е приоритет за економскиот развој на земјата

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, изјави дека Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, а особено за економскиот развој.

„Изразувам лично задоволство што ги гледаме првите работи што се појавија на површина и со тоа се затвора темата за Коридорот 8 како политичка тема. Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, за економскиот развој, каде што немам никакви дилеми дека со Бехтел и Енка ќе бидеме сведоци во следните недели и месеци за реализацијата на проектот“, изјави Меџити.

Во текот на денешниот ден, Меџити заедно со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, го промовираа почетокот на владините активности за реализација на Коридорот 8.