Меџити: За спорот со Бугарија бараме решение во кое сите ќе бидат победници

Првиот вицепремиер на РМВ, Изет Меџити, рече дека евроинтеграциите остануваат неоспорен приоритет и дека никој не е против внесувањето на Бугарите во Уставот, но ја нагласи потребата од правично решение за сите.

„Сите сакаме и работиме да го избереме најдоброто решение што ќе не приближи до ЕУ. Никој не е против вклучување на Бугарите во Уставот, но бараме решение во кое сите ќе бидат победници“, изјави Меџити на „Канал5“.