Прашање е како СДСМ, која осум години го промовираше граѓанскиот концепт, преку ноќ предложила закон за „бранители“, изјави вицепремиерот Изет Меџити, пренесува Телеграфи.

Дилемата, според него е дали тогаш биле искрени или сега.

Меџити рече дека законот нема да помине и дека актуелната влада историски има стабилно мнозинство и има демократски капацитет да ги решава проблемите во себе.

Сегашната влада има стабилност, таа е близу 2/3 од бројките и има демократски капацитети да ги реши дилемите, изјави Меџити.