Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вели дека коалицијата ВРЕДИ во разговорите за идна влада ќе ги бара секторите кои досега не биле во рацете на Албанците.
Селмани: Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ е готова работа
„…редно е сектори што досега не се водени од Албанци како Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност, Управата за јавни приходи и Царината да бидат раководени од Албанци.
Тоа го бараме бидејќи сме силно фокусирани на борбата против корупцијата“, рече Изет Меџити чија партија е од коалицијата на опозициските поарии н а етнничките Албанци.
Тој очекува на парламентарните избори да се намали разликата во гласови од првиот круг на претседателските избори помеѓу ДУИ и ВРЕДИ, затоа што, според него, гласовите на ДУИ не се само од Албанци, туку од девет политички партии.
„Ахмети првпат беше во ситуација да се спасува со гласовите од другите помали заедници. Ако на тоа се додаде и поткупот на гласови и притисоците, полнење на кутии од шоферот на Садула Дураку… Сето тоа ќе се процесуира од новата власт. Ако се изземат тие гласови, тогаш нивниот резултат е под нашиот. ДУИ не е чист албански концепт и тоа е спротивно на Мајскиот договор“, рече Меџити.
Тој најави дека луѓе од дијаспората ќе дојдат во државата за да гласаат на изборите на 8 мај со цел по 22 години да има промена во албанскиот политички блок.