Меџити: ВРЕДИ не се плаши од избори – „Европскиот фронт“ на Али е пред распад

Заменик Премиерот Изет Меџити вели дека нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори заедно со локалните во 2025 година.

За „Сител“ тој дека Владата има амбициозна програма и добила поддршка од 78 пратеници, кои наскоро може да станат и 80.

Меџити нагласува дека ВРЕДИ не се плаши од избори, но смета дека овие теми се дел од дневната политика за да се задржи вниманието на членството на ДУИ кое секојдневно ги напушта.

„Полека, но сигурно, Европскиот фронт почнува да се дели. Некои лево, други десно. Активностите ги извршуваат индивидуално. ДУИ на една страна, ДПА некаде, Алијанса на друга. И на прес-конференции се поделени и кога ќе излезат пред јавноста не знаат да се претстават, како Европски фронт или како политичка партија“, рече Меџити.

Телеграфи