Метеж пред изборот на владата, огромен број пратеници сакаат да кажат нешто за предлозите на Мицкоски

На првиот ден од дебатата во Собранието по предлогот на составот за нивата влада даден од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за збор се пријавиле огромен број пратеници.

Дури 31 пратеник се очекува да говорат на првиот ден од дебатата за новата влада.

За денеска на листата се 31 пратеник од кои 7 се од коалицијата на СДСМ, 8 од ВМРО-ДПМНЕ, 4 од ВЛЕН, 6 од ДУИ и по 3 од ЗНАМ и Левица.

За утре се очекуваат нови говори од други пратеници.

Утре вечер најдоцна пред полноќ треба да се гласа за изборот на новата влада која од понеделник ќе ја преземе власта по 7 годишно владеење на СДСМ и ДУИ.