Продолжениот викенд, а и последен во јуни, со најавите за вистински пекол ги предизвика македонските граѓани да тргнат во голем број за Грција, а тоа на граничните премини создаде километарски колони. Тоа со деталните прегледи на возилата и патниците ги принудува Македонците и другите да чекаат по неколку часови. Фотографиите што ги испраќаат нервозните патници по социјалните мрежи го потврдуваат тоа.