Македонскиот клупски ракомет ќе биде застапен со два машки претставника во Лигата на европските шампионите. Европската ракометна федерација денеска официјално го потврди ова доделувајќи му специјална покана на нашиот вицешампион Металург. Двојниот четвртфиналист од 2013. и 2014. година, како и лани ќе игра во групите со послаб квалитет коиќе бидат составени од по шест екипи кои даваат само по два претставника во нокаут фазата. Актуелниот континентален првак Вардар, нормално, ќе игра во елитниот дел и ќе биде еден од носителите при жрепката.
Специјални покани за групите Ц и Д добија уште Адемар Леон, Монпелје, Скјерн и Горење, а за А и Б групите Висла, Кил и Нант, новиот клуб на нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров.