Извонредниот играч од средината на теренот на ПСЖ минатата недела на Ибица имаше средба со Лионел Меси на која Аргентинецот го наговораше младиот Италијанец, и овој од тогаш веќе не размислува за ништо друго освен за Барселона.
Марко Верати лани потпиша нов договор со екипата од Паркот на принцовите и беше пресреќен, а сега, како што пренесува Газето Дело Спорт, на клубот од француската престолнина му испратил кратка и јасна порака со содржина: Не се враќам во Париз.
Верати дојде во ПСЖ пред пет години и тоа од Пескара, а во меѓувреме стана италијански репрезентативец со 21 меч и еден гол.