Фридрих Мерц, веќе звесниот иден германски канцелар, по вчерашната изборна победа на ЦДУ-ЦСУ вели дека прво треба да се чека официјална потврда на изборните резултати, а потоа да се зборува за формирање влада со него на чело.
Признава дека преговорите нема да бидат лесни, но нагласува дека на ова биле подготвени и пред изборите.
Лидерот на ЦДУ-ЦСУ посочува дека е клучно што поскоро да се договори временска рамка за преговори меѓу партиите.
„Убеден сум дека до Велигден ќе имаме формирана влада“, односно до 20 април.
„Европа очекува од нас стабилна и силна влада во најкус можен рок.
Лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц најави дека ќе се обиде да формира влада која ќе ја претставува цела Германија и уште еднаш нагласи дека нема намера да соработува со второпласираната АфД која очекува да освои над 20% од гласовите на вчерашните парламентарни избори.
Кандидатката на АфД, Алис Вајдел, рече дека нејзината рака останува „пружена“ кон конзервативниот блок, ипредупреди дека која било друга коалициска влада ќе биде нестабилна и „нема да трае“.
Таа, исто така, предвиде дека AfD ќе ги надмине конзервативците во иднина и го нарече Мерц „привремен канцелар“.
Мерц одговори дека Вајдел може да пружа рака „колку што сака“, но дека има суштински разлики меѓу нивните партии.
Тој, исто така, повтори дека повеќе би сакал да формира влада со еден коалициски партнер отколку со двајца – но конечната одлука ќе зависи од официјалните изборни резултати.