Мерц: Европа треба да се осамостои од САД

Кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ, победничката партија на парламентарните избори во Германија, Фридрих Мерц синоќа го оцени мешањето на САД во изборната кампања исто толку проблематично како и мешањето на Русија и се заложи за што поскоро осамостојување на Европа од САД.

Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп покажал дека судбината на Европа е целосно неважна за Американците. Мерц особено ја критикуваше поддршката на соработникот на Трамп, Илон Маск, за десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD).

Веќе извесниотиден канцелар рече дека Германија е под притисок од многу страни и затоа повика на повеќе единство во Европа.

„Не верував дека некогаш ќе ги кажам овие зборови на германската телевизија, но сега апсолутен приоритет е да се постигне единство во Европа и да се зајакне Европа до степен до кој таа ќе стане независна од САД чекор по чекор“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Тој рече дека со нетрпение го очекува самитот на НАТО во јуни.
„Прашањето е дали тогаш воопшто ќе можеме да зборуваме за НАТО во неговата сегашна форма или ќе треба уште побрзо да воспоставиме европска одбранбена способност“, рече Мерц.