Според ветувањето на новите власти во Македонија, Мерцедесот кој беше дел од бомбите на СДСМ, а купен во времето на Никола Груевски за 585 илјади евра е пуштен во промет. Прв корисник беше турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој денеска е во посета на нашава земја. ТВ 21 го сними автомобилот кој очигледно е среден и на него не се гледаат гребнатинките кои ги видовме деновиве. Сега останува да биде одржан и зборот дека Мерцедесот ќе биде користен само за високи странси делегации, како што е денеска турската.