Мерки за претпазливост за Дритон Кучи, кој е актуелен амбасадор во Норвешка и Исланд и поранешен министер за економија побара Обвинителството и определи судот во Кочани.
Кучи се врати во земјава откако обвинителството поведе постапка против него за пожарот во кочанската дискотека. Тој е последниот, 19-ти осомничен во проширената истрага.
Амбасадорот Кучи е поранешен министер за економија.
Од Владата информираат дека сите опфатени функционери ќе бидат разрешени веднаш по враќањето на премиерот Христијан Мицкоски од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати.
„Целосно сме посветени на темелна истрага. Ги разгледуваме сите можни механизми. По враќањето на премиерот, лицата ќе бидат разрешени“, стои во соопштението од Владата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели, против секој за кој има докази е поднесена пријава.
Истрагата за трагедијата во Кочани не е завршена, се постапува по над 50 осомничени. Не се поштедени ниту припадниците на полицијата.
Полицијата го барала дома за Кочани – Македонскиот амбасадор во Осло се враќа дома со првиот авион