Меланија Трамп, првата дама на САД , за службената посета со Папата се облече во црн фустан, а главата ја покри со црн вел. Според протоколот на Католичката црква жените мораат да носат црна облека и да ја покриат косата.
Сепак постојат седум жени на светот кој не мораат да носат црно пред Папата. Таа привилегија се нарекува “le privilege du blanc” на француски или “privilegio del biacno” на италијански , а ја користат кралиците или принцезите кои при посетите на Ватикан и во контактите со Папата носат бело.