Сабота наутро, почеток на викенд, идеално за да ги изненадите вашите најмили додека спијат, со прекрасен мирис кој доаѓа од кујна, а вие подготвувате мекани кифли. Пробајте го овој рецепт нема да згрешите.

Пред да започнете со подготовка на кифличките, погрижете се сите потребни состојки да бидат на собна температура.

Состојки:

-1 кг. брашно

-2 јајца

-150 мл. зејтин

-4 лажици шеќер

-2 лажици сол

-1 свеж квасец

-1/2 л. млеко

-250 гр. маргарин

За премачкување на кифличките:1 јајце

Загрејте го малку млекото и ставете го квасецот со малку шеќер и брашно да надојде.
Во еден длабок сад, просејте го брашното и додадете ги јајцата, зејтинот, шеќерот, солта и надојдениот квасец со млекото. Замесете убаво мазно и меко тесто кое нема да се лепи за рацете. Ставете го во садот, покријте го со една крпа и оставете го на топло место убаво да нарасти.

На намастена површина извадете го тестото од садот и поделете го на 4 еднакви делови. Од секој дел посебно расукајте една округла кора. Кората намачкајте ја убаво со маргарин. Сечете со нож (или најдобро со нож за пица) на 12 или 16 делови. Секој дел виткајте го во кифличка и ставајте ги во подмачкан плех. Оставете ги така во плехот повторно убаво да нараснат.

Во меѓувреме вклучете ја рерната на 180°Ц да се загрее. Нараснатите кифлички намачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. На секоја од нив ставете по едно мало парче маргарин.
Се печат околу 25 мин.