Судијата Иван Џолев, според неофицијални сознанија на СУДСТВО.МК, денеска на седница на Судскиот совет ќе биде избран за нов претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје!

Според сознанијата на порталот Џолев бил најприфатливо решение за нов претседател на скопска „единица“, иако главен фаворит била судијката Весна Димишкова.

„Иако важеше за тотален аутсајдер, пред сѐ поради своето однесување кон Специјалното јавно обвинителство, сепак меѓу кандидатите се најде и спорниот Владимир Панчевски“, пишува во текстот авторот Љубиша Станковиќ.