МВР го расчисти инцидентот во Чаир со еден убиен и две ранети лица.
Рејодно МВР соопшти дека 35-годишен маж од Скопје почина од повреди нанесени во престрелка во Чаир во која уште две лица се ранети и се задржани на лекување во Клиничкиот центар и во Хируршката клиника Свети Наум Охридски.
Полицијата соопшти дека инцидентот бил пријавен ноќеска стигнала кога две ранети лица биле донесени за лекарска помош во болница.
Во акцијата за расветлување на престрелката уапсени се 4-ца осомничени за пукањето кои се на возраст од 22 до 41 години.
Полицијата засега не открива кои биле мотивите за крвавиот инцидент и се истражува дали пресметката е поврзана со криминал или станува збор за личен конфликт што прераснал во трагедија.
Официјално според МВР на 11.02.2025 во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. По преземени мерки било утврдено дека тие претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. Исто така, по преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извори блиски на семејството на жртвите велат дека меѓу нападнатите има членови на семејство на функционер на ДУИ.
Пукано во членови на семејство на функционер на ДУИ, едно лице починало, другото е рането
Најнова вест
Екс генералниот секретар на владата на Заев
Мухамед Зекири се прости од убиениот во Чаир: Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син