Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото државно име, според измената на законот за безбедност во сообраќајот, завршува на 31 декември 2024 година.
Министерството за внатрешни работи ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име да ја сменат пред истекот на рокот, за да се избегне создавање на непотребни патарини.
Од МВР соопштуваат и дека сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби работат со полн капацитет и можат во редовниот рок да им служат на граѓаните за размена на возачки дозволи.