Поранешниот Светски боксерски првак во тешка категорија и еден од најдобрите во историјата на спортот, Мајк Тајсон призна дека потрошил вистинско богатство на забава. Тој самиот вели дека во прашање се огромни пари кои неповратно заминале на дрога, проститутки и луксуз. Железниот Мајк не жали за загубеното иако признава дека имал долга и многу лоша фаза во која постојано бил пијан, под дејство на наркотици и во друштво на жени кои биле тука само од полза.
” Кога би се вратил и би можел, би го сменил начинот на живот меѓу 30. и 40. година од животот. Тоа беше ужасен период за мене”.
Мајк сега има 50. години, а по двата пропаднати брака со Робин Гивенс и Моника Тарнер, од 2009. година е во, според сопственото тврдење, среќен брак со Лакија Кики Спајсер. Живее во Невада, има седум деца и малку повеќе од обичен живот. Но тоа е и добро ако се знае дека во 2003. година прогласи банкрот, а до тој момент од кариерата имаше заработено 300 милиони долари. Според него, сепак, најважно е што се спасил од зависностите.
“Излегов од пеколот на дрогата, а тоа ме научи да ги ценам обичните работи. Сега знам како да ги планирам заработените пари иако тие се далеку помалку од тие заработени во рингот”