Вкусни и сочни колачиња со вишни, совршени за појадок, десерт по ручек или за вечера. Мафини што брзо се приготвуваат, а и брзо се јадат.
Состојки:
-1 јајце
-50 мл масло
-250 мл млеко
-225гр брашно
-1 пециво
-1 ванила
-75гр шеќер
-30 гр млечно чоколадо
-150-200 грама вишни без семки
Подготовка:
Јајцето, млекото и маслото се матат со маталка.
Сувите состојки се мешаат на страна и потоа се додаваат во течните состојки. Се меша убаво и се полнат калапите до пола.
Откога ќе се наполнат до пола се додаваат вишните претходно исчистени од семки и извалкани во брашно за да не пропаднат многу.
Се печат на 200 степени околу 15-20 минути
Се посипуваат со шеќер во прав , а одозгора декорирајте ги со шлаг и по една вишна.