Матурска вечер: минимум 500 објективно 1500 евра

Во периодот на годината во кој средношколците заокружуваат еден дел од сопственото образование, а матурските вечери се во полн ек, најчесто поставувано прашање на родителите и пријателите, е колку чини тие чинат. Обврската која остана од некое минато време кога завршувањето на “средното” беше солиден успех е голем финансиски товар за родителите иако во меѓувреме овој дел од образованието стана задолжителен.
Според дел од сограѓаните со кои контактиравме минималниот издаток за вечера, музика, сликање и гардероба е околу 500 евра, со забелешка дека тоа е за семејна забава до 20-25 лица и во, не многу екслузивен ресторан. Истото го потврдуваат и сопствениците на угостителски објекти кои нудат мени кое се движи од 15 до 30 евра по лице и кое може да доживее корекции во зависност од бројот на гости и од нивните желби.
Угостителите од Скопје соопштуваат дека трендот полека се менува и дека се помалку се организираат големи прослави на матурските и дека во последните неколку години најчесто станува збор за групи од 20 до 50 гости, по што лесно се пресметува трошокот на домаќинот на забавата кој само за ресторан издвојува од 300 до 1000 евра, кон кои треба задолжително мора да се додадат и останатите, и задолжителни трошоци кои се неминовни.

Овие цени се нешто пониски во останатите делови од земјава, пресметките велат до 20 насто, но таму пак, се уште постојат дополнителни манифестации како: дефиле низ плоштадите, партнери, па и семејни посети на домовите на партнерите