Со испитот по мајчин јазик и литература денеска започна полагање на државна матура во средните училишта низ Македонија. На државно ниво матура денеска полагаа вкупно 16.426 ученици, а од државниот испитен центар претходно соопштија дека македонски јазик ќе полагаат 10.632, албански 5.120, а турски 418.

За 10. јуни е предвидено полагањето на испитот по странски јазик, за кој има и најголем број пријавени, вкупно 15.201 ученик. Тестирањето по математика ќе се спроведе на 12 јуни, а ќе полагаат вкупно 2.070 матуранти во државата.