Март е, а 83.000 вработени сè уште не ја добиле јануарската плата

Податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) покажуваат дека речиси 83.000 вработени сè уште не ја добиле јануарската плата.

Тоа е три и пол пати повеќе во споредба со истиот период минатата година, пренесе ТВ „Сител“.

На компаниите што не го испочитувале рокот УЈП веќе им испрати опомени, а доколку не ја исплатат платата во наредниот период, ќе биде спроведена присилна наплата.

Според законските обврски, рокот за исплата на јануарската плата бил 15 февруари.

Во земјава има  70.000 фирми со вкупно 551.264 вработени.