Поранешниот член на скопска Локомотива е убиениот фудбалер што настрада во вооружениот инцидент на улицата Владимир Комаров во скопски Аеродром.

Напаѓачот испукал пет куршуми кон 28 годишниот Јанушев по што се дал во бегство, а полицијата започна потрага по него. Во исто време на местото на настанот останало оружјето со кое е извршен нападот. Случајни минувачи повредениот го сместиле во приватно возило и го пренеле во болница од каде подоцна јавија дека тој им подлегнал на повредите. Според непотврдени извори Јанушев е погоден со 4 куршуми во главата и вратот.