Манчестер Јунајтед остана најскапата фудбалска марка на планетата. Тоа го тврди “Brand Finance” во својата најнова анализа. Финансискиот магазин традиционално ги зема предвид традиционалните параметри: стадион, играчи, продадени влезници, интерес за маркетинг, и пресметал дека клубот од Олд Трафорд, со сите свои поседи, но и моќност, во моментов вреди 1 милијарда и 733 милиони долари.
На листата нема промени од лани кога Реал Мадрид беше втор, а Барселона трета. Таа разлика е минимална, само еден милион долари, со тоа што кралевите и покрај новата Европска круна растеле помалку (1.419 милијарди долари) од најголемиот опонент од Каталонија кој во последните 365 дена бележи раст од 425 милиони долари.
Најмоќни фудбалски колективи во продолжение на листата се Челзи, Баерн Минхен, Манчестер Сити, ПСЖ, сите со вредност од над една милијарда долари, а во Топ 10 се најдоа уште Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.