Манастирот Св. Јоаким Осоговски се наоѓа во близина на Крива Паланка , датира од 11 век во тој период таму живеел испосникот Св. Јоаким Осоговски.
Низ времето, тој честопати запаѓал во економски кризи, бил разрушен од земјотрес во 1585 година, а во XVII век, по основањето на градот Крива Паланка, тој станал важен религиозен, културен и просветен центар на монасите од различни краишта, но и на луѓето од овој регион. По XVIII век кој се бележи како негов најтежок период, XIX век донел промени на подобро. Манастирот на 28 август го слави верскиот празник Света Богородица.
Црквата Свети Јоаким Осоговски е трикорабна базилика, со дванаесет куполи. Иконостасот на големата манастирска црква потекнува од 1932 година. Овој манастир е еден oд најубавите и најбогатите манастирски комплекси . Скриен во прегратките на мајката природа, манастирот нуди блажено чувство на духовен мир и спокојство.