Манасиевски: За Филипче „нема никој друг како Заев“, а овој им даде македонски пасоши на 215 лидери на наркокланови и убијци да одат низ светот!

„Македонски пасоши во време на Заев добија 215 белосветски криминалци, на тоа ли мисли Филипче кога вели треба да се учи од него?“ – праша Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Манасиевски натаму истакна: Власта на Заев и Филипче им даде македонски пасош на 215 најголеми криминалци и лидери на нарко кланови, кои зад себе имаат истории на тргување со дрога и убиства. Поради Заев и Филипче 215 белосветски криминалци се движеа непречено низ светот со лажен идентитет. Со години 215 белосветски криминалци правеле криминал благодарение на Заев и Филипче.

Тоа е оставнинатата на Зоран Заев. Дали на тоа мислеше Венко Филипче кога кажа дека треба да се учи од Заев и оти „нема друг како него“? Заев ја засрами државата, ја оштети и ја понижи. А Венко Филипче сака да биде ист како него. – посочи Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.