Ракометната мапа на Европа многу малку се менува, за следниот собир на најдобрите, практично, само во два случаја. Така на 12. шампионат во 2016. година присутните Полска и Русија ќе бидат заменети со Австрија и Чешка, но тоа не се дебитанти зошто и едните и другите беа учесници на првенството во 2014. година. Што се однесува до Полјаците тие се губитници затоа што играле полуфинале на ЕП и имаат силен клупски ракомет, а “лузер” број 1 во штотуку завршените квалификации сигурно е Зборнаја која има грст златни медали од сите битни ракометни натпреварувања и што нивното отсуство од овие настани е прво. На Европските првенства Русите поседуваат едно најсјајно одличје и две сребра и беа учесници на сите претходни 12 собири.

Во контекст на неменување на составот за ЕП говори и фактот дека 14 репрезентации што ќе бидат на новиот биле и на шампионатот во 2014. година во Данска.

Во Хрватска во јануари (12. до 28.) следната година се првите шест селекции од Полска и сите освојувачите на медали од последните 8 шампионати. Всушност да не беше Русија на новото соочување ќе беа и сите носители. Поранешна СФРЈ повторно е застапена со 5 селекции, но тоа не е никакво чудо зошто така беше и пред година и половина, на 12. собир во Полска.

Жрепката за составување на групите за новото ЕП е на 23 јуни, а ние треба да бидеме во вториот иако ЕХФ може да не смести и во третиот квалитативен сад, што не е мала разлика зошто пропозициите не се менуваат, па важно е да не ги добиеме големите фаворити како Данска, Франција, Шпанија, Германија, Хрватска уште во првата групна фаза.